02/02/10 13:14

Незгодни прашања на интервју


Кажете ми нешто за себе.

 Ова прашање е "тешкo", бидејќи е отворено прашање. Не ви се даваат насоки, што очекува интервјуерот да слушне.

Не се одговара едноставно. Потребна е подготовка, истражување на себе, за улогата, позицијата, компанијата. Бидејќи интервјуерот не ве познава, сака да слушне конкретни работи, ситуации и примери за вашите вештини врзaни за работното место за кое се пријавувате. Вежбајте на глас да кажете за себе од каде сте, кој сте, но и за претходното искуство и образование. Да се слушнете самите. 


Што правевте откако сте без работа?

Ова прашање е, исто така, "тешко". Дали ќе се ставите во улога на жртва и ќе се жалите за сè, или ќе постапите како да ви се отворила можност да започнете втора кариера, да почнете друго да работите, тоа зависи од вас.


Кое се вашите слаби страни?

Прашање кое не се препорачува за интервју, но сепак, во Македонија с¡ уште се поставува.

Еден одговор кој често се добива од кандидатите е "мојот претпоставен смета дека сум перфекционист и дека сакам да завршам навреме со сите обврски и во предвидениот буџет. Понекогаш тоа бара да останувам на работа подолго време.# Ова преминува во клише. Многу често се користи и кандидатите како да го имаат научено на памет.

Внимавајте со одговорот. Перфекционизмот и не е позитивен.

Од друга страна ако кажете "немам слаби страни#, може да делувате како нереални. Со тоа се добива и впечаток дека не сакате да учите нови работи и не сте отворени за подобрувања.

Зошто ја напуштивте претходната работа?

Постои непишано правило да не се говори негативно за претходниот работодавач. Да не се кажува с¡ што се случило. Може, едноставно, да ја наведете потребата за промена или желбата за напредок во кариерата.

Најчести грешки во мотивационото писмо

Секој сака да знае како се пишува најдобро мотивационо писмо, меѓутоа вистината е дека нешто што одговара за една личност не мора да значи дека ќе одговара и за друга. Едно мотивационо писмо не одговара за две лица. Па, ако сакате да искористите туѓо мотивационо писмо или да искористите што некој професионалец напишал за некој друг кандидат, си правите себеси повеќе лошо отколку добро.

Застанете за момент и прегледајте ги најчестите грешки во мотивационото писмо


Се користите со нешто што некој напишал за вас.

Грев број еден кај мотивационото писмо не е само плагијатот, туку и лошата пракса. Тоа секако нема да ве однесе далеку, бидејќи две лица кои бараат работа не се исти. Вашето искуство и компетентност се сосема различни од другото лице кое бара работа, па според тоа ако сакате да ја добиете работата, подобро и вашето мотивационо писмо да биде различно. Напишете нешто уникатно кое се однесува за ВАС, а не за некој друг.


Општите мотивациони писма се најдобри.

Повторно невистина. Прилагодете го Вашето мотивационо писмо на позицијата за која аплицирате. Ова вклучува вметнување на името на менаџерот, неговите контакт-детали и неговата позиција. Исто така, треба да биде вклучена и позицијата за која аплицирате, каде сте слушнале за таа позиција и содржината на вашето мотивационо писмо да ја направите ОСОБЕНО релевантна за позицијата за која аплицирате.


Копирање на Вашата биографија во Вашето мотивационо писмо.

Ова е најчестата грешка која се прави. Напишете нешто интересно во мотивационото писмо, нешто што ќе не привлече да го прочитаме вашето резиме, но не го повторувајте истото кое можеме да го прочитаме во вашето CV. Би сакале да посакаме да го прочитаме вашето CV, направете Вашето мотивационо писмо да не привлече да го прочитаме Вашето CV.


Користење на ДОСАДНИ и ЧЕСТИ изрази.


Изразите како "Како одговор на Вашиот оглас за ХХ позиција...". Тоа не е ниту оригинално, ниту креативно. Сакам вработен кој е оригинален, креативен и динамичен. Оставете ме без здив со првата реченица од вашето мотивационо писмо. Запаметете, барањето работа се базира на исклучоците, не на вообичаените работи. Менаџерите за вработување бараат причина да го фрлат Вашето CV, а вие треба да се борите да бидете на врвот. Наместо тоа пробајте нешто похрабро како:

"Вашиот оглас за менаџер за продажба, идеално одговара на моите квалификации, човек да помисли дека огласот е за мене напишан, јас го имам токму тоа искуството и знаење кое вам ви е потребно."


Спојувањето не е важно.

Вашето мотивационо писмо треба да одговара со Вашето CV: фонтот, големината на буквите, форматот, дизајнот и сл. Содржината на мотивационото писмо треба да биде различна од содржината на Вашето CV, додека, дефинитивно, требаат да имаат ист дизајн. Ова ја покажува организираноста, грижата за секој детаљ. Дополнителниот напор значи многу повеќе отколку што можете да претпоставите.

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети