25/03/10 16:01

Често поставувани прашања на интервју


ДАЛИ Е ДОЗВОЛЕНО НА ИНТЕРВЈУТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ДА СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА ШТО НЕ СЕ ВО ВРСКА СО РАБОТНОТО МЕСТО ЗА КОЕ СЕ КОНКУРИРА, А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА КАНДИДАТОТ (НА ПР. ЗА БРАЧНИОТ СТАТУС, ЗА ТОА ДАЛИ КАНДИДАТОТ ПЛАНИРА ДА РОДИ ДЕЦА ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ, ЗА СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА И СЛ.) И КАКО ДА РЕАГИРАМЕ ДОКОЛКУ НИ БИДАТ ПОСТАВЕНИ?

Најчесто тој што прави интервју не би требало да поставува прашања во однос на приватниот живот на кандидатот бидејќи ваквите прашања се неетички и можат да бидат злоупотребeни. Меѓутоа, ако постои конкретна причина поради која тој што прави интервју го поставува тоа прашање и ја наведе тогаш е оправдано, иако од етичка гледна точка не постои оправданост за поставување на тој вид прашања.

КАКО ДА ОСТАВИМЕ ПОДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК СО ОГЛЕД НА ПРЕСУДНОТО ЗНАЧЕЊЕ ШТО ГО ИМА ВО НАЈГОЛЕМ БРОЈ СЛУЧАИ ПРИ ИЗБОРОТ НА КАНДИДАТ ЗА СООДВЕТНО РАБОТНО МЕСТО?

Првиот впечаток е многу важен. Секогаш подготвувајте се за интервјуто. Одете уредно и пристојно облечени, припадничките на женскиот пол не треба да се шминкаат нападно или да носат нападна гардероба, облечете се деловно, облеката не мора да биде нова, но мора да биде чиста, средена и да отсликува дневна варијанта. Дознајте што повеќе за компанијата. Присетете се на прашањата што ве интересира и што би сакале да ги поставите.

ДАЛИ НА КРАЈОТ ОД ИНТЕРВЈУТО ТРЕБА ДА ПРАШАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РЕЗУЛТАТИ ЗА КОНЕЧНИОТ ИЗБОР НА КАНДИДАТ ИЛИ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ ТОЈ ШТО ПРАВИ ИНТЕРВЈУ  ДА НИ КАЖЕ?

Треба да почекате да заврши интервјуто и доколку самиот тој што прави интервју не ве извести кога ќе има конечен избор на кандидат, тогаш може да прашате кога да ги очекувате резултатите и на кој начин ќе ве известат.

КОИ ПРАШАЊА НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ПОСТАВАМ НА ПРВОТО, ИНИЦИЈАЛНО ИНТЕРВЈУ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ?

Постојат повеќе прашања што кандидатот не би требало да ги постави на интервјуто. Прашањата како: Што работи компанијата? (освен ако не сте се пријавиле на  „слеп“  оглас каде што не е назначено која компанија го огласува работното место); Дали ми гарантирате дека ќе бидам на истото работното место и по една година?; Дали е дозволено доцнење на работа? не се препорачуваат во првото интервју. Овие прашања би можеле да ги поставите во натомошните интервјуа или доколку ви биде понудена работата.

ДАЛИ ТРЕБА СЕКОГАШ ДА БИДЕМЕ 100 ПРОЦЕНТИ ИСКРЕНИ ВО ОДГОВОРИТЕ (НА ПРИМЕР ВО ОДНОС НА НАШИТЕ СЛАБИ СТРАНИ) ИЛИ ТРЕБА ДА ДАВАМЕ ДИПЛОМАТСКИ ОДГОВОРИ?

Најдобро е да бидете умерени и конкретни во одговарањето, да бидете искрени и да не лажете, да ги давате тие информации што сметате дека  се соодветни во таа мера во која сакате да ги дадете. Доколку сметате дека некое прашање е премногу лично тогаш можете да одберете да не одговорите на тоа прашање и да му кажете на тој што прави интервју зошто не сметате дека треба да одговорите на прашањето, за, сепак, да го задржите впечатокот на чесна и достоинствена личност. Секој поединец има и силни и слаби страни, затоа обидете се рационално да ги претставите своите, но и фактот дека работите на нивно подобрување.

ДАЛИ КОМПАНИЈАТА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОБВРСКА ДА НЕ ИЗВЕСТИ ЗА КАНДИДАТОТ ШТО Е ИЗБРАН ЗА РАБОТНОТО МЕСТО И ДАЛИ ДА ПОДНЕСЕМЕ ЖАЛБА ДОКОЛКУ СМЕТАМЕ ДЕКА СМЕ ПОКОМПЕТЕНТНИ ОД НЕГО?

Сериозните компании би требало да испратат известување (повратен одговор) до сите кандидати што биле на интервју во кое ќе им се заблагодари што присуствувале на интервјуто и ќе ги извести кој кандидат бил избран. Секој кандидат, доколку реално смета дека е покомпетентен од избраниот, има право да поднесе жалба.

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети