29/04/10 14:49

Хронолошките биографии?


Кога говориме за пишување на перферктна биографија најбаран пристап е од горе надоле. Тоа значи да се потврдат најскорешните податоци и информации за кандидатот. Околу 75 проценти или 3 од 4 регрутери кои биле интервјуирани изјавиле дека повеќе преферираат хронолошка биографија и давање на опис на најскорешната работна позиција и вештини. Одговорите се променети во споредба со тие од пред 10 години при поставување на истите прашања.

Истражувањето е дизајнирано од професионалците на Accountemps, светски позната компанија специјализирана за регрутација, привремено вработување, финансии и сметководствени услуги. Ова истражување е спроведено од страна на независна компанија за истражување преку телефонски интервјуа со 150 извршни регрутери од 1000 најголеми компании.

Тие биле запрашани „Дали преферирате да добиете биографија напишана во хронолошки формат кој ги организира податоците за работата или да добиете биографија во функционална форма организирана според вештини?„

Нивните одговори:

Хронолошка биографија

75%

Функционална биографија

17%

Не правам разлика

8%

Вкупно

100%

„Хронолошката биографија им дава можност на кандидатите кои бараат работа да го презентираат напредокот во својата кариера на работодавците на начин кој е лесен за следење според датумите.„ Исто така испитаниците изјавиле дела функционалните биографии даваат акцент на вештините, а не на работните позиции. Иако се популарни кај кандидатите кои се наоѓаат во процес на промена на кариера или кај оние што имаат дупки во биографијата, но овој вид на биографии не се преферираат кај професионалните регрутери и работодавци. „ Други пак регрутери велат дека е подобро директно да се обратат кандидатите на позицијата која е огласена со вештините и способностите, отколку да пишуваат на широко за сè што работеле.

Како совет: Не е важно каков формат ќе одберете за вашата биографија, важно е информациите кои се дадени да бидат јасно презентирани и да се даде целосна приказна за искуството и вештините.
Секако е важно да не постои дупка во вашата биографија и за секој период да има објаснување. Во денешно време е разбирливо дека одреден период можеби сте биле без работен ангажман, но важно е да се покаже дека во тој период нешто сте правеле, сте се надградувале, сте учеле или слично.

Не покажувајте сè што знаете и умеете за да не добијат слика регрутерите дека сте преквалификувани за дадената работна позиција. Поврзете го тоа што е релевантно за огласената позиција и вашето искуство.

Во случај да апицирате за сосема друга работна позиција покажете ја вашата желба да направите промена во кариерата, дека сакате да започнете со радота во нова индустрија. Најдобро е да наведете кои вештини се трансферираат во огласената работна позиција, а вие ги поседувате. Во ваков случај потребно е да наведете пријатели, поранешни колеги, предавачи и слично кои ќе може да ги потврдат вештините и кои би ве препорачале за таа работна позиција за која аплицирате.

http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети