04/05/10 10:51

Проверка на референци


Дали уште се проверуваат референци при селекција на кадар?

Да, многу се важни и се проверуваат.

Денес често се јавува ова прашање дали се проверуваат референците или не од страна на работодавците. Се разбира дека вие како кандидат за работа самите одлучувате кои референци ќе ги приложите, а кои не. Тоа е важно при процесот на селекција, да се утврди веродостојноста на податоците.

Друго е прашањето дали навистина некој ќе се јави и да ја провери референцата.

Се почесто се случува референците да се потврдат едноставно со проверка на профилите на LinkedIn или пак преку Google. Тоа е новиот начин да се изврши проверка на кандитатите.

Во Агенциите за посредување при вработување професионалците кои бараат соодветни кандитати за своите клиенти извршуваат комплетна проверка на кандидатите. Тие работат на тоа да имаат колку што е можно повеќе информации за кандидатите кои ќе бидат презентирани на клиентот. Со ова избегнуваат можни грешки и негативни референци. Референците кои се на интернет на вашиот профил не може да ги заменат тие што се во писмена форма. Пишаните референци остануваат во вашето досие како доказ и поткрепа на одлуката при процесот на селекција.

Кога ќе ставите референци или лице кое го назначувате да даде за вас референца треба да го контактирате за да биде подготвено, да не се случи кога ќе го контактираат да не знае за кого се работи. Изненадувањето е помало ако се подготвите соодветно.

Постојат компании кои бараат одреден број на референци со самата апликација. На пример 3 од претходни работодавци и 2 од професори или едукатори. Со ова се бара од кандидатите да се потрудат при апликација за одредено работно место, а не само да ја испраќаат својата биографија и писмо за намери без соодветна адаптација на барањата во огласот.

Кога знаете дека некој бил контактиран како ваша референца, јавете и заблагодарете се. Тоа е задолжително, покажете внимание и потоа ќе го имате истото лице за референца во иднина.

Еден од најдобрите индикатори за изведбата на кандидатот во иднина е неговата изведба во минатото. Затоа верувајте дека секоја референца ќе биде проверена.


Имам интервју за работа!!!

Поминавте во следниот круг, поканети сте на интервју. Одлично!

Сега треба да се подготвите за интервјуто. Ова се некои чекори:

• Читање на писмото за намери, испратената биографија и огласот

• Разгледување на тактики и техники за интервју

• Замислување на ситуацијата како ќе биде на интервју

• Собирање на сите информации кои се достапни за компанијата, позицијата, културата во компанијата

Во денешно време менаџерите кои вработуваат се премногу зафатени со различни задачи. Не се концентрираат исклучиво на регрутација и селекција, особено во Македонија. Затоа подготовката на кандидатите треба да биде поголема за да се одговори соодветни и интервјуто за работа да биде одлично и за двете страни. Вообичаено секој се труди да најде соодветен кандидат во процедура што е можно пократка, да не се раздолжува селекцијата, па нели најдобро е веднаш од биографијата и писмото за намери да може да се заклучи кој кандидат е најсоодветен. Сепак интервјуто за работа има голема важност.

Ако сте повикани на интервју, тоа значи некој проценил дека вашите способнодти, вештини и искуство се соодветни за огласената работна позиција. Да, вие имате големи шанси да го добиете тоа работно место.

Многу важно: престанете да зборувате цело време и слушајте за време на интервјуто!

Често како каднидат сте преплашени и сакате да го искористите максимално времето за интерву. За време на разговорот треба да покажете како во пракса сте „одличен комуникатор„. Тоа подразбира и дека знаете да слушате. Внимавајте на сите детали, потенцирајте ги важните работи и повторете уште еднаш. Покажете дека сте вежбале и дека можете активно да слушате. Тоа не е вештина со која се раѓате, таа се учи.

Парафразирањето е одлично како и правење на резиме од тоа што е до тогаш кажано. Дека сте разбрале, дека сте го следеле соговорникот и дека ве интересира навистина компанијата и работното место, а не сте само тука за да почнете да работите било што.

Доколку имате можност, тогаш забележувајте на тефтерче. Ќе ви помогне да ги запошете клучните точки и да може да се вратите подоцна.

http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети