09/06/10 7:34

Вештина – делегирање


Сите знаеме што е делегирање, но дали навистина менаџерите се вешти во делегирање

 

Делегирањето е вештина за која скоро сите сме слушнале, но малку од нас навистина ја разбираат. Најдобро е кога се применува како динамична алатка за мотивација и обука на вашиот тим за реализација на нивниот целосен потенцијал. Најчесто се применува како изговор за некој неуспех да се пренесе на друго лице.

При делегирањето се работи за доверување на вашите овластувања на други. Ова значи тие да може самостојно да работат, но ако нешто тргне во погрешна насока сепак вие како менаџер ја превземате одговорноста. За да бидете добри во делегирањето треба да знаете на кој начин да делегирате, а сепак сите работи да се завршат.

 

Целта на делегирањето е да дадете работа на друго лице да ја заврши, а не само едноставни задачи за читање упатства, туку донесување на одлуки и промени кои зависат од нови информации. Со делегирањето вашите вработени имаат авторитет да реагираат на ситуации без да се обраќаат за нив претходно до вас и да чекаат одобрение.  

Три најчести причини зошто менаџерите не делегираат задачи се:

  • Немање на време
  • Недоверба дека некој од вработените ќе може да ја заврши работата
  • Никој не може подобро од мене да работи

За да овозможите некој друг да ја заврши работата за вас мора да бидете сигурни дека тој знае што сакате, да има авторитет да го постигне тоа и да знае на кој начин.

 Ова во голема мера зависи од јасната комуникација на задачите, изворот на релевантни информации и знаење.

 Неколку чекори за успешно делегирање:

  • Дадете ја работата на некој што може да ја заврши. Не секој е способен да разбере што треба да прави, доколку не поседува соодветно образование или обука. Можеби е потребно да посети некоја обука пред да ја преземе задачата од вас.
  • Јасно комуницирајте ги условите на задоволство како што е временската рамка, резултати како излез, буџет и слично. Сето тоа треба да биде познато, бидејќи во спротивно може да доведе до неуспех.
  • Бидете тука за помош, а не постојана контрола. Доколку постојано се мешате во работата на вработениот на кого сте делегирале задача, тогаш и неговата мотивација може да опадне.

 Можеби имал право некој што изјавил дека тајната на успехот не е самите да ја вршите работата, туку да идентификувате вистински лица да ја завршат.

http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
okno.mk
Добри совети