15/06/10 12:58

ПРОФЕСИЈА од соништата


Пред 40 години Нил Армстронг беше првиот човек што стапна на Месечината. Со ова Американците докажаа дека се први во технолошкиот и во економскиот развој, но и во однос на организацијата. Кога денес ќе прочитаме дека компјутерската способност на машината за перење ја надминува способноста на компјутерот на бродот Аполо 11, тогаш може да говориме за мерење на техничкиот напредок и што значи тоа. Колку од овој развој треба да ù се припише на НАСА (NASA) предизвика голем број дискусии. Сепак, постои согласност во однос на брзината на напредокот.

Wharton Business School и Nightly Business Report на почетокот на 2009 година направија испитување на читателите во однос на тоа кои се најважните иновации во последните 30 години. Осум стручњаци од сите 1.200 предлози составија листа на топ 30 иновации. На прво место е интернет, пред персоналниот компјутер и мобилниот телефон. На оваа листа доминира компјутерска и комуникациска техника. Сепак, на петто место се наоѓа ДНК-анализата, а на 17. место е микрофинансирањето.

Подоцна, откако се случи првото слетување на Месечината, професијата астронаут стана професија од соништата за многу деца низ цел свет. Многумина сакаа да работат во иновативни индустрии. Но, и во други индустрии, кои не се толку иновативни, луѓето може да најдат професионално исполнување. Како се доаѓа до професија од соништата? На ова прашање не се одговара лесно.

Многу вработени имаат направено погрешен избор на професијата и еден ден во животот се соочуваат со овој факт. Постојат можности да се препознае професијата од соништата и во животот да се оствари сонот. За ова е потребно лично познавање, храброст и волја нешто да се промени.

Недоволно финансии, премногу стрес, премалку слободно време, ова се факти и речиси секој трет вработен ја оценува својата работа лошо ,односно негативно. Ова е, на пример, резултат од германскиот сојуз на синдикати од истражувањето што беше изнесено во јуни 2009 година. Но, што се случува ако фрустрацијата од работата лежи многу подлабоко? Уште во периодот на избор на професија многу работи може да тргнат во погрешна насока.

Ако постои незадоволство од моментната работа, а притоа причината не се претпоставениот или колегите, тогаш, веројатно, се работи за погрешен избор на професија. Ова не е ретка појава и не сте единствени ако се чувствувате вака. Многу луѓе имаат проблеми при индивидуалното наоѓање професија и покрај тоа што не е тешко да се најде работа што одговара.

Во основа, талентот би требало да влијае врз изборот на професија. Преку ноќ не се доаѓа до работа од соништата. Во многу случаи се потребни многу чекори што се одвиваат паралелно во ист временски период и сите одат кон наоѓање на работата од соништата. Тие се дефинираат преку сопствениот талент бидејќи во областите во кои постои талент, таму човек е одличен и автоматски со радост ги извршува работите.

Многу луѓе чекаат некој внатрешен глас да им каже која професија е најсоодветна за нив. Повеќето од нив никогаш нема да го слушнат тој глас!

Тоа се случува затоа што не знаат како да ја пронајдат професијата што најмногу им одговара. И прават така како што ќе им кажат нивните родители, пријатели, роднини или, пак, ќе им препорача некоја агенција. Во овој случај тргнуваат од погрешната насока. Се прашуваат: која професија моментно најмногу се бара? Каде најдобро плаќаат? Каде најбрзо може да завршам и да почнам веднаш со работа (во Македонија, по можност, веднаш на раководна функција!)? Што ми велат родителите? И слични прашања.

Тука се заборава прашањето за сопствените интереси и способности – талентот. Ако сите појдеме од тука, сите ќе се стремиме да станеме исто. Со тоа конкуренцијата е огромна. Сите банкари, веб-дизајнери и слично.

Не дозволувајте медиумите да влијаат на вас и да ве спречат да ја следите својата цел. Тие најавуваат различни работи, најчесто знаеме дека се негативни во однос на ситуацијата на пазарот на труд. Но, дали и вие припаѓате на групата што лесно се откажува? Би можеле да размислите дека колку повеќе се откажуваат поради негативните прогнози пласирани од страна на медиумите, вашите шанси за да ја работите професијата од соништата се поголеми. И така денес сè повеќе образованите институции се фокусираат на градење на вештините, а не на конкретно решавање проблеми. Секоја професија што ќе ја одберете сега е таква каква што е, но за неколку години ќе биде сосема поинаква. Професии што не постоеја пред четири или пет години денес се најбарани. Затоа, фокусирајте се да ги откриете вашите способности, да видите каде е интересот, што ве мотивира, која професија ви одговара вам како личност. Потоа изборот е полесен.

Денес се бара од образованието да ве направи вешти во соочувањето и обработката на масивна количина информации, да размислувате и комуницирате глобално и да бидете способни самостојно да го организирате учењето. Главното што не треба да го заборавате е дека мора да бидете подготвени да решавате проблеми што денес не постојат, но утре (кога ќе почнете со работа) ќе постојат. Како што има кажано Алберт Ајнштајн „не може да решаваме проблеми со користење на истиот начин на размислување што сме го користеле при создавање на проблемот“. Значи, иновативност!

КАКО ДА ЗНАМ ДЕКА СУМ ИЗБРАЛ ПОГРЕШНА ПРОФЕСИЈА?

Ако сте вработени и не сте задоволни, треба да дознаете која е причината за таа состојба. Да утврдите дали фрустрацијата е во изборот на професијата или, можеби, во лошите рамковни услови.

ПАТОТ ДО РАБОТА ОД СОНИШТАТА

Најчесто влезот во професионалниот свет е најтежок. Ова се некои совети што може да ви го олеснат.

Колку повеќе знаете за областа во која сакате да работите, толку подобро. Соберете ги сите информации.

Колку повеќе знаете и имате познавања од работата и од индустријата толку повеќе можете да добивате нови идеи. Потребни ви се нови идеи за да станете забележливи и успешни на новата работна позиција.

Изградете мрежа. Важно е систематски да ги негувате вистинските контакти. Тие може да ви отворат врати.

Собирајте практично искуство преку практика, волонтирање или помош.

Вработете се на сопствена иницијатива. Понудете се, не чекајте оглас или да ве викнат.

Одете со однапред поставена цел и присуствувајте на настани каде што се и работодавците, кои може да ви понудат работа од соништата. На пример, саеми, конференции итн.

ПРЕДНОСТИ ЗА РАБОТОДАВЦИТЕ

Кога за вас работат луѓе што професијата ја избрале според сопствените интереси и способности, тогаш предностите се огромни. Знаеме дека вработените што се самомотивирани подобро работат и се поангажирани. Тие издржуваат повеќе, поистрајни се, се надградуваат врз своите способности и знаења и со задоволство се развиваат и учат. Ова го зацврстува тимот и влијае позитивно на успехот на компанијата.

„Најбрзорастечка популација во користењето интернет се деца од двегодишна до петгодишна возраст“ (студија на NetDay News  2005 година).

Афродита Кермичиева-Пановска



ЦЕЛОСНА ЛИСТА НА 30 ТОП-ИНОВАЦИИ:

1. Internet, broadband, WWW (browser and html)

2. PC/laptop computers

3. Mobile phones

4. E-mail

5. DNA testing and sequencing/Human genome mapping

6. Magnetic Resonance Imaging (MRI)

7. Microprocessors

8. Fiber optics

9. Office software (spreadsheets, word processors)

10. Non-invasive laser/robotic surgery (laparoscopy)

11. Open source software and services (e.g., Linux, Wikipedia)

12. Light emitting diodes

13. Liquid crystal display (LCD)

14. GPS systems

15. Online shopping/ecommerce/auctions (e.g., eBay)

16. Media file compression (jpeg, mpeg, mp3)

17. Microfinance

18. Photovoltaic Solar Energy

19. Large scale wind turbines

20. Social networking via the Internet

21. Graphic user interface (GUI)

22. Digital photography/videography

23. RFID and applications (e.g., EZ Pass)

24. Genetically modified plants

25. Bio fuels

26. Bar codes and scanners

27. ATMs

28. Stents

29. SRAM flash memory

30. Anti retroviral treatment for AIDS

Објавена 18 февруари 2009 година во Knowledge@Wharton

Подготвено од: http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
okno.mk
Добри совети