29/07/10 8:28

Пад на мотивацијата


Сигурно ви е познато дека е тешко да се работи во понеделник!! Кога се приближува петок си велиме "Thank God It’s Friday".

Има денови кога работата сè потешко ни паѓа за разлика од обично. Тука не ни помага ниту кафе, ниту убава музика, ниту пак разговор со колегите за време на паузата. Паѓаме некако ... и се чувствуваме дека воопшто немаме сила ништо да завршиме. Како да се мотивираме самите? Дали знаеме кои се нашите потреби?

Преку самомотивација до надминување на падот на мотивацијата!

Мотивацијата ни доаѓа од желбата да се задоволи некоја потреба. Замислете дека ви е потребно да се чувствувате среќни!! Или пак дека сакате да имате добар социјален статус, да бидете уважени!! Во тие случаи сте мотивирани да работите напорно и да одите напред во вашата кариера за да ги постигнете целите. Тоа е ваша самомотивација, нема надворешно влијание. Друг мотиватор може да биде одговорноста или самодокажувањето.

Покрај овие мотиватори голема улога игра и задоволството од средината во која работиме:

  • Соодветно наградување, плата или бенефиции
  • Транспарентна политика за вработени
  • Кооперативен стил на раководење
  • Пријатна работна атмосфера

Како преку признавањето и уважувањето да се излезе од падот на мотивацијата?

Ако добивате малку признавање на она што го работите или пак ако воопшто не ви се уважува трудот, многу лесно ви паѓа мотивацијата. Тоа е добро познато. Тука може самите да си одадеме признание со купување на подарок, со одење на ручек или заслужена масажа. Зошто да чекаме од надвор некој да ни одаде признание за работата?

Совети за надминување на падот на мотивацијата

  • Гледајте позитивно. Чашата е половина полна, а не половина празна. Избегнувајте ги негативните работи преку позитивно размислување. Прифатете ги предизвиците.
  • Поставете си реални сопствени цели. Во првата година на работа ако сакате да го наследите вашиот претпоставен е сигурно многу нереално поставена цел! Вежбајте да поставувате реално достижни цели. Поставете си ги следниве прашања: Дали се ова мои цели? Дали зависат од надворешни влијанија или од мене самиот? Ако зависат од надворешни влијанија е многу полесно да се програмира неуспехот, затоа внимавајте!
  • Немојте да бидете перфекционисти. Колку е некоја работа поперфектна, толку е поголем трудот кој го вложувате. Перфекционизмот ретко кога се исплати. Концентрирајте се да ги завршувате добро работите, не одите во екстремности. Може да се разочарате многу лесно.
  • Правете добро и говорете за тоа.Сопствен PR, да! Ако направите добро некоја работа, говорете за тоа. Самите на себе признајте си го успехот. Понекогаш вашиот претпоставен е презафатен со други работи и едноставно треба вие да му кажете дека добро сте завршиле нешто, па да ве пофали. Предочете му го вашиот успех!
  • Излезете од рутинските работи.Преземете ризик и направете нешто кое е поразлично и подобро. Удобните и добро извежбани работи, сигурно нема да ве доведат многу понапред. Може само да се вртите постојано во круг и да изгубите мотивација за напредок.
  • Направете си го работното место да ви биде пријатно. Имајте фотографии, омилени предмети на вашето канцелариско биро. Цвеќињата може многу да придонесат да се чувствувате пријатно и расположено, како и убава музика која придонесува кон креативноста.

Во случај кога ништо не помага и понатаму немате мотивација, тогаш убаво и систематски испитајте ги причините. Што е пречката да бидете недоволно мотивирани? Можени е време да направите промена во вашата кариера!

Подготвено од: http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети