17/08/10 12:57

ОТКАЗ? Како?


За повеќето луѓе, работата и времето кое го поминувaат со колегите, претставува важен и голем дел од животот. Работата е многу битен дел од животот. Затоа, природно е, да се појават конфликти и проблеми.


„Ти не си твојата работа!“ – така рече карактерот што го играше Бред Пит во филмот „Fight Club“.


Ја пронајдовме работата за која од секогаш сме сонувале. Добра работна атмосфера, колеги кои се дружељубиви и со кои можеш да најдеш добар „работен јазик“. Претпоставени, какви од секогаш си сакал да ги имаш...

Но, доаѓа времето кога сфаќате дека работата не е тоа што сте се надевале, што сте го барале и што сте го сакале цело време (или пак никогаш не ни било тоа што сте го сакале). Во тој случај треба да ја напуштите работата.

Некои луѓе не разбираат, дека некогаш е поважно да бидеш среќен на работа отколку (не)задоволството  што го имаш од моменталната плата што ја примаш. Во тој случај морате да го направите вистинскиот избор.

А кој е најдобриот начин да го направите тоа? Како можете да го минимизирате влијанието на вашата кариера, но и чувството дека можете да останете невработени.

Чувството, дека работното место ве прави несреќни може да настане од многу влијанија.

Прво и најважно - таа несреќа можеби доаѓа од начинот на кој вие како вработени сте тре­тирани на работа. Секоја индивидуа, во организацијата, има некаква улога која треба да ја „одигра“, но ако таа улога бара помалку вештини отколку другите, не значи дека е истата важна како било која друга улога во самата организација. 

Дискриминацијата на работното место е една од поголемите причини зошто кај вработените се јавува незадоволството и зошто се тие несреќни.

Ние луѓето, сите сме исти и затоа треба меѓу­себно да се однесуваме на ист начин.


Напуштањето на работното место е голем чекор. Може многу да се дискутира за тоа, дека постојат многу проблеми на работното место, што би значело напуштање на истото само за да се избегне расправија, но и фактот дека може да се разговара за тие проблеми, пред да се донесе одлуката да се напушти работното место.

Кога веќе ќе се решите да го напуштите работното место поради причини кои за вас се многу силни, се поставува прашањето дали да се поднесе отказот.

Одговорот е ДА.

Впрочем и претпоставениот и колегите се луѓе кои си ја работат својата работа. И, без разлика колкаво и да е вашето незадоволство, секогаш напуштајте го работното место како победник.

Поднесувањето на отказ пред законско одредениот рок е дел од договорите за работа и треба да се почитува. Во повеќето случаи, работодавецот може да е тој што нема да го испочитува законски предвидениот отказен рок, односно да го испрати вработениот дома порано од предвидениот датум (но во секој случај треба да бидеме свесни дека отказниот период треба да биде платен).

Еден од потешките делови, при соопштувањето дека ќе ја напуштате работата, е како тоа да му го соопштите на вашиот претпоставен. Нема лесен начин...особено кога треба да се кажат причините зошто се напушта работното место.

А, во овој случај кога причината е незадоволството од севкупниот однос спрема вас, тогаш е навистина тешко. Но, на било кој начин и да го кажете, сепак нема да биде пријатно.

Пред да ја напуштите работата, без разлика колку истата била добра и по ваша мерка, сепак треба достојно да се збогувате и да ја предадете на вашиот наследник. Завршете ги сите ситни работи кои имале краен рок за завршување, направете листа со задачи што треба да се завршат и дискутирајте ги со вашиот претпоставен непосредно пред да си одите.

Со тоа ќе го изразите вашиот висок професионализам и ќе му покажете на претпоставениот дека вие ја сакате вашата работа, но односот што го имаат спрема вас е она што ви смета и ве прави незадоволни.

Со ваквата постапка полесно може да побарате и добиете препораки за идните ваши конкурирања.

Конфучие, еден од најголемите мудреци на светот рекол: „Одбери работа што ја сакаш за да не мора да работиш ниту ден во твојот живот“.

Како што една врата се затвора, друга се отвора....

Одењето на новото работно место може да биде можност за промени во вашиот живот. Само, осигурајте се, дека нема да згрешите нешто или кажете нешто погрешно затоа што не би знаеле со кого вашиот нов претпоставен се познава и колку влијание има.

Во еден идеален свет, секој работодавач би не најмил и ценел поради нашите способности и вредности. Но, за жал ние не живееме во идеален свет!!!

Искра Трајкоска

Специјалист за човекови ресурси

Подготвено од: http://www.globalhr.mk/

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети