28/03/11 10:57

Денови на Kариера 2011


15 години на едно место ги поврзуваме најдобрите студенти со најодговорните Македонски компании кои нудат вработување и пракси

Денови на Кариера (Career Days) 2011

Денови на Кариера е централниот настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја. Цел на проектот е да се овозможи интеракција помеѓу студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори при градење на успешна кариера и регрутирање на кадри од сите факултети.

Активности на Career Days:

Едукативен семинар, 8ми, 9ти и 10ти април

  • На овој семинар за 200-те селектирани студенти – учесници, познати македонски компании и организации ќе одржат обуки на тема – ”Развој на кариера”.
  • Едукативниот семинар ќе се одржи во просториите на Економскиот факултет – Скопје. Се очекува да биде најквалитетен настан одржан тука воопшто во едукативна смисла. Како предавачи на овогодинешниот настан ќе се јават: Проф Д-р Таки Фити, Филип Арсов (претприемач на годината 2010), Никола Љусев (Главен извршен директор на VIP операторот), “Мотива”, “Ембра”, “ESP” и ”НЦРИПУ”.
  • За учество на настанот, студентите ја пополнуваат on line апликацијата на веб страницата www.careerdays.org.mk, врз основа на која се избрани учесниците на едукативниот семинар.
  • Страницата е веќе активна и сите заинтересирани студенти можат да аплицираат оставајќи своја биографија. Рокот за пријавување за учество на едукативниот семинар е 01ви Април. Страницата ќе биде активна и за оставање своја биографија и после овој рок, но не и за учество на семинарот.


Саем на компании, 13-15 април

  • На саемот секоја компанија, учесник или партнер на настанот ќе има свој промотивен штанд за информирање на заинтересираните студенти за своите кадровски потреби.
  • Истите ќе ги презентираат можностите кои ги нудат и во отворен амфитеатар за време на настанот. Компаниите ќе ги интервјуираат своите потенцијални идни вработени, во просторија на факултетите, со што студентите добиваат можност да се презентираат себеси пред таргетираните работодавци.


Новост, оваа јубилејна 15та година е проширување на настанот

Денови на Кариера на техничкитете факултети.

 

ИТ семинар на технички факултети, 08-09 Април

Наменет за студентите од информатичките технологии. Ќе се одржи на Електро-техничкиот факултет со предавачи од областа на ИТ технологијата во врска со најактуелните теми од оваа област.


Саем на компании - технички факултети 11-12 Април

Овој дел годинава ќе се одржи за првпат со посебен нагласок на студентите од областа на информатичките технологии, машинството, градежништвото, архитектурата, природните науки и телекомуникациите како есенцијални струки во општествениот живот.

Јована Ѓорѓиоска

Потпретседател за Комуникации и Алумни

АИЕСЕК Скопје

jovana.gjg@gmail.com / jovana.gjorgjioska@aiesec.net

www.careerdays.org.mk

www.aiesecskopje.org.mk


 За организаторот:


Што е АИЕСЕК ?

АИЕСЕК, најголемата непрофитна организација предводена од студенти, е интернационална платформа за млади луѓе да го истражат и развијат својот лидерски потенцијал со цел да имаат позитивно влијание во општетсвото. АИЕСЕК како организација е основана во 1948 година и денес е активна во 110 земји на 1.700 универзитети, има 53.000 членови и секојдневно нуди 9.500 пракси и 8.300 лидерски способности. Со фокус на градење персонални мрежи и истражување на насоката и амбицијата на иднината на младите луѓе, АИЕСЕК има иновативен пристап да ги образува и развие истите, во лидерите коишто и се потребни на денешницата.

АИЕСЕК во Република Македонија е основан во 1953 година и во последните неколку години АИЕСЕК Македонија постигна огромни резултати во својата работа. Проактивноста, индивидуалните и тимските квалитети и мотивираноста на нашите членови, глобално препознаени, се она пред кое АИЕСЕК Македонија ги има освоено следниве негради:


  • Награда за Иновативност и Креативност на „International Presidents Meeting 2004“ во Романија
  • Награда за имплементирање на процеси на учење на „International Congress 2004“ во Германија
  • Награда за „Excellence“ од страна на United Bank of Switzerland на „International Congress 2005“ во Индија.
  • „ING Award for Overall Strategic Implementation“ доделена на „International Presidents Meeting 2006“ во Холандија

Наши последни значајни достигнувања се успешното организирање на најголемиот семинар во АИЕСЕК, „International Presidents Meeting 2008“ во Македонија каде се избира менаџментот на AIESEC International за идната година, каде се собираат повеќе од 250 сегашни и идни претседатели на АИЕСЕК од 104 земји.

AIESEC, in my view is the world’s largest youth organization committed to global, personal and professional development. AIESEC members have proven to posses a strong sense of corporate and social responsibility, and maturity beyond their years. I strongly endorse AIESEC and its activities and recommended other entities to consider the benefits to be gained from working with such outstanding individuals – Erwan Fouere, EU Ambassador in Macedonia

     
Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Најнови вести
okno.mk
Добри совети