Регистратор

Број 03-142/2
Скопје, 26.01.2012 година
Врз основа на член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р.Македонија" број 158/10 - пречистен текст, 47/11 и 11/12) и член 24 став 1 точка 2 од Статутот на Централниот регистар на Република Македонија а во врска со член 18 од Законот за едно-шалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл.весник на Република Македонија бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11 и 53/11), директорот на Централниот регистар на Република Македонија на 26.01.2012 година, донесе
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор и именување на Регистратор
Централниот регистар на Република Македонија објавува дека ќе врши избор и именување на Регистратор.
Покрај општите услови предвидени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
A. VIM степен ВСП - правен факултет - положен правосуден испит и 5 (пет) години работно искуство на правни работи по положувањето на правосудниот испит
Сите кандидати треба да ги достават следните документи:
1. Пријава со кратка биографија;
2. Молба со кратка биографија (CV);
3. Копија од лична карта;
4. Уверение ( Диплома ) за завршен правен факултет;
5. Уверение за положен правосуден испит и
6. Доказ за работно искуство од најмалку 5 години за работа на правни работи по положувањето на правосудниот испит
Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на Огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта.
Некомплетните и неблаговремено поднесените молби нема да се разгледуваат.
Централен регистар на
Република Македонија Скопје
Валиден: 03.02.2012


Регион: Скопје

Компанија: Централен регистар на Република Македонија Скопје

Вебсајт на компанијата: [n/a]



Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Katar
Добри совети