Соработник

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011 и 6/2012). и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011 и 27/2011)
АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 14/2012
за вработување на 1 државни службеници во Општина ЧЕШИНОВО и ОБЛЕШЕВО за следните работни места:
1. Соработник - Помлад инспектор за животна средина и комунални работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Дипломиран инженер за заштита на животната средина,Дипломиран машински инженер,Дипломиран инженер технолог, Дипломиран инженер металург, Дипломиран рударски инженер, Дипломиран инженер хемичар, Дипломиран инженер метеоролог, доктор по медицина, дипломиран географ, Дипломиран градежен инженер, дипломиран биолог,Дипломиран инженер агроном, Дипломиран шумарски инженер, Дипломиран електро инженер,Дипломиран инженер физичар,Дипломиран инженер архитект, Дипломиран инженер по хортикултура и Дипломиран инженер геолог
- работа со компјутер, способност за тимска работа
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Покрај горенаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Општина ЧЕШИНОВО и ОБЛЕШЕВО заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кандидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 14/2012) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.
Валиден: 01.02.2012


Регион: Кочани

Компанија: Агенција за администрација

Вебсајт на компанијата: prijava.aa.mk



Најави се
Е-маил:
Лозинка:
Заборавена Лозинка?
Katar
Добри совети